3 дена заглавени во паб
- Детали
- вторник, 05 јануари 2010
Гости на британскиот паб Tal Hill In останале да слават Нова година три дена, откако пабот бил завеан во снег. Околу него во Yorkshire Dales за време на...
...новогодишната ноќ паднале 2,5 метри снег, а бидејќи пабот е предалеку од градот, гостите морале да чекаат да ги расчистат уиците.
Вкупно 30-тина луѓе не е грижеле воопшто бидејќи имале доволно храна и пиење, а се забавувале играјќи карти.
“Откако ќе исчистевме и измиевме садови, секоја вечер организиравме квиз. Беше навистина забавно“- вели Натан Мартин (26) кој заедно со пријателите од факултет организирал дочек на Нова година во овој паб на висина од 528 метри.
Дури во понеделникот вечерта, бил расчистен патот и тие заминале кон своите домови.