Страшно е да работиш во Apple

strasno-e-da-se-raboti-vo-appleСе нарекуваат себе си “Светски тим на лојалност“, а помеѓу вработените во Apple, познати како Гестапо група, дејствуваат „кртови“ кои ги шпионираат канцелариите...

 

...и оделенијата во компанијата.

Секој сомнителен детал се пријавува лично кај Steve Jobs, главниот извршен директор на компанијата.strasno-e-da-se-raboti-vo-apple1

Интернет порталот Gizmodo разговарал со еден поранешен вработен во Apple, кој под псевдонимот „Том“ објаснува како фукционира типична операција спроведена од менаџментот на компанијата, со цел откривање на нелојалноста кон фирмата.

Кртовите се насекаде, а посебно во одделенијата со најголемо значење. Кога менаџментот ќе се посомнева во протекување на информациите, во секое време може да се испрати специјален тим во канцеларијата во која се сомневаат и потоа започнува тортурата“, вели Том.   

На сите вработени им се забранува да се поместат од работното место, им се одземаат мобилните телефони, а на компјутерите се активираат скринсејверите за да се спречи комуникацијата меѓу вработените.

Потоа таканаречениот Гестапо проверува сé што може да се најде на телефоните и компјутерите: повици, службени и приватни СМС пораки, фотографии, електронска пошта и слично.

Оние кои ќе одбијат послушност добиваат отказ или стануваат предмет на подлабока истрага. Сум бил присутен на неколку вакви ситуации, кога Гестапо ја открива личноста која издавала деловни тајни. Со таа личност се води разговор до крајот на денот, а потоа од него/неа се бара тивко да ја напушти зградата во придружба на обезбедувањето“, вели Том кој работел за Apple.   

Дали ова навистина е вака или можеби Том има малку бујна фантазија допрва ќе се дознае. Но, сигурни сме дека нема некој што барем за кратко не би сакал да работи во Apple.


Би можело да ве интересира:

Нервоза, раздразливост, но и личен развој: Што ќе ни донесе Лунарната еклипса (која трае до 8 април)... Дали деновиве се чувствувате раздразливи, нервозни, постојано подготвени да расп...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
Како изгледа животот на највисоката жена во светот – мора да користи количка, ја исмејувале поради в... Највисоката жена во светот има 27 години и живее во Турција. Нејзината висина се...
„Имам отечени дланки поради ретко нарушување – веќе не можам да ја користам десната, а болеста напре... Млада Американка има ретко нарушување кое е забележано кај само 200 луѓе во цели...
Една навика со која коосновачот на Нетфликс ја велича сопругата – повеќе се гордее што ја има неа от... „Повеќе од 30 години, секој вторник, независно од околностите, од работа си зами...
Апокалиптични сцени од поплавата во Дубаи: Гарнитура лета од тераса, луѓе се кријат на аеродромот (ф... Вчера (16.04) Дубаи го зафати бура со обилни дождови која ги поплави улиците и а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg