Џоли и Деп на големото платно
- Детали
- понеделник, 09 ноември 2009
Анџелина Џоли и Џони Деп ќе ги здружат своите супер секси сили и за прв пат ќе се појават заедно во ново филмско остварување. Станува збор за филмот “Tourist”...
... кој немаше многу среќа при изборот на глумци.
Првобитно, главните ликови требало да ги глумат Том Круз и Кејти Холмс, меѓутоа поради нивниот пребукиран распоред тоа не било изводливо.
Потоа се споменуваше Шарлиз Терон, се додека на крајот во приказната не влегла Анџелина кој дефинитивно се согласила да глуми во овој филм.
Моментално се одвиваат преговорите со феноменалниот Џони Деп, кој во филмот би глумел американец кој вовлекува агент од Интерпол во својата мрежа интриги, со цел да ја пронајде својата дамнешна љубов.
Да видиме колку ќе биде успешна оваа комбинација.