Како изгледа мечка без крзно
- Детали
- петок, 06 ноември 2009
Ако мислите дека се работи за некој нов, се уште неоткриен вид на животно, се лажете. Мечката Долорес ги изгуби сите свои влакна поради здраствени...
... проблеми.
Нејзината состојба ги изненади и ветеринарите на зоолошката градина во Лајпциг каде мечката живее. Долорес не е единствената мечка со ваква состојба. Речиси сите мечки во оваа золошка градина изненадно ги изгубија своите крзна.
Некои професионалци сметаат дека се работи за генетско пореметување, со оглед на тоа дека животните не се болни од никаква болест.
Мечките кои имаат потекло од Јужна Америка, имаат нормално темно влакно, а се очекуваше раст на уште повеќе влакна кои што требаа да ги штитат во текот на зимата. Но, наместо погусти влакна, мечките останаа со гола кожа и со силни алергиски осипи и воспаленија.
На нивна несреќа, новиот изглед привлече и голем број посетители кои никогаш не виделе како изгледа мечка без своето крзно на себе. Одговорните лице во зоолошката градина ќе го зголемат греењето додека не се објасни состојбата на нивните мечиња.