Видео маркетинг на YouTube
- Детали
- среда, 04 ноември 2009
Видео сервисот на Google дневно има преку милијарда посети. Компанијата uSocial.net која оваа година стана позната по продажбата на обожаватели на...
...Facebook и луѓето кои следат одредени содржини на Twitter, сега им го зголемува присуството и на YouTube.
Меѓутоа, главниот проблем кај YouTube е тоа што голем број на луѓе не успеваат да ги прикачат своите видеа за да можат да ги гледаат и споделат со повеќе од 10 пријатели.
Од компанијата uSocial.net изјавиле дека тие користејќи неколку методи кои самите ги развиле, сега се во можност едно видео да го престават пред очите на милиони непознати луѓе, а тоа би можело да значи голема заработка за секој кој ќе биде вклучен во ова.
Од YouTube сеуште не се изјасниле до крај во врска со ваквите изјави, a услугата на uSocial.net веќе почнала да ги прима првите нарачки.