Музеи на чоколадото
- Детали
- понеделник, 09 ноември 2009
Ви ги претставуваме петте најдобри музеи на чоколадо низ светот кои ќе ги задоволат и оние кои имаат најголеми барања. Има ли нешто поубаво од...
...музеј на чоколади за сите љубители на слатките и патувањата? Низ светот постојат неколку, а ние ги издвојуваме петте најдобри задолжителни за посета.
1. The Chocolate Museum; Köln, Германија
Сместена на реката Рајна, оваа футуристичка зграда на 3 ката нуди цела историја на чоколадото, а најголема атракција е познатата чоколадна фонтана.
За добредојде на своите гости нуди вафел стапче замотано во топло чоколадо.
2. Musee les Secrets du Chocolat; Geispolsheim, Франција
Содржи театар, соба за чај и гифт шоп во кој може да се купат разни чоколадни производи меѓу кои и чоколадно пиво.
3. Pannys Amazing World of Chocolate, Phillip Island Chocolate Factory; Newhaven, Phillip Island, Викторија, Канада
Е ова е вистинска туристичка акција. Таму можете да видите како се изработува чоколадото, а ќе ве воодушеви и скулптурата на Давид направена од чоколадо и цел чоколаден град.
4. Choco-Story Chocolate Museum; Bruges, Белгија
На 4 ката овој музеј на посетителите нуди информации за производството на чоколадо, може да погледате и филмови во кино салата, а за крај останува дегустирање на чоколадните производи.
5. Museu de la Xocolata; Барселона, Шпанија
Скулптурите во овој музеј се толку импресивни што ќе заборавите да гледате во чоколадото. Скулптурите се од сериозни дела па се до цртани ликови.