Ново продолжение на Kill Bill
- Детали
- понеделник, 05 октомври 2009
Американскиот режисер Квентин Тарантино потврди дека ќе се снима и трето продолжение на филмот Kill Bill. Тарантино навел дека сакал да и...
...дозволи на Ума Турман и нејзината ќерка Биби да имаат 10 години мир пред да ја снимат новата крвава епизода. Затоа и проектот е поместен за 2014 година.
Режисерот на “Петпарачни приказни“ уште изјавил дека пред новиот Kill Bill ќе сними уште еден филм и дека е “потполно отворен“ за идеи.
Тарантино додава дека сака да направи нова верзија на филовите кои биле вестерни од 1920-1930 година и дека има доволно материјал да сними уште една приказна за “Проклетниците“ - било да станува збор за продолжение или пред продолжение.