Летечки диносаурус или НЛО?
- Детали
- сабота, 12 септември 2009
За чудниот објект кој неодамна беше снимен над едно езеро во Аргентина, научниците велат дека се работи за НЛО или пак за летечки диносаурус.
За објектот, кој го фотографирал еден рибар на езерото El-Nihuil, според локалните медиуми - има повеќе сведоци кои го потврдуваат неговото постоење.
Пино кој има 44 години, често оди на ова езеро по лов на риба, а покрај тоа обожава да го набљудува лебедите. Но, минатата сабота приметил необичен објект како лебди над езерото, а го снимил со својот мобилен телефон.
"Возбуден сум околу целава ситуација и верувам во живот на другите планети", вели Пино.
Набрзо се појави и нов сведок. Кристијан Фигуеора тврди дека тој и неговиот татко виделе чуден објект додека патувале со автобус покрај езерото. "Бевме шокирани", вели Фигуеора.
Стручњаците за НЛО и криптозоологијата под претпоставка да се работи за вселенско летало, сметаат дека непознатиот објект може да биде и птеродактил - летачки диносаурус кој изумрел пред 66 милиони години, а кој според локалните податочите живеел во тие краеви.