Силувал девојчиња на кастинг
- Детали
- среда, 26 август 2009
Сопственик на модна агенција во Хрватска, Зоран Ловреновиќ, е уапсен заради сомневање дека за време на моден кастинг силувал 15-годишно девојче, а...
...се сомневаат и за блудничење уште над 2 девојки.
Полицијата во саботата го уапсила Ловреновиќ (46). Девојчињата биле на аудиција за млади модели во неговата модна агенција Show business club.
Весниците пишуваат дека една од девојките за време на фотографирањето ја присилил на полов однос. Тој во моментов се наоѓа во притвор.
На својата интернет страница бара девојки од 14 до 27 години за го-го танц, фотомодели, хостеси и пејачки.
Се дознало дека малолетничките кои го пријавиле во полиција морале да се фотографираат голи.