Нос на рака, па на лице
- Детали
- сабота, 01 август 2009
Бренди Илајас имала 24 години била во својот автомобил кога наишла на улично пукање во 2004та година. Куршумот ја погодил во лице и...
... го откинал носот и дел од образите. Сега, по 5 години и 20 тешки операции, добила нов нос.
Поради овие операции, таа последниве години живее во САД. Нејзината операција е дел од бесплатната програма 'Лице во лице' за пластична и реконструктивна хирургија.
Докторите пред самата трансплантација, извршиле 3 операции и на нејзиниот зглоб конструирале нов нос користејќи ја нејзината кожа, крв и 'рскавица на нејзината подлактица. Неколку дена подоцна, нејзиниот нов нос и е наместен на лице.
Бренди е многу возбудена што ќе ја извади газата сокоја ја штитела својата носна шуплина сите овие години.
Овие денови се опоравува од операцијата и докторите велат дека таа наското ќе може да дише низ нос, како и дека наското ќе и се врати сетилото за мирис.