Најеластичната “жена-кобра“
- Детали
- четврток, 30 јули 2009
“Како мала спиев со нозете позади глава, а рацете ми беа на грбот. Мајка ми мислеше дека нешто не е во ред со мене“ -вели Нокулунга Бутелези (19) од Јоханесбург.
Сите кои не веруваат дека жените се флексибилни, јужноафриканката прави импресивен перформанс. Облечена во змиски костим ја шокира публиката во многу земји низ светот и го доби прекарот Жена - кобра и се важи за најеластична жена на светот.
Само во Германија нејзиниот настап го погледнале повеќе од 2 милиони луѓе. Рентгенската снимка која ја направила пред 3 години покажала дека Лунга нема абнормалност на коските.
Веќе со 9 месеци можела да направи шпага. На училиште наплатувале за нејзиниот талент, а брат и ги собирал парите кои ги трошеле на слатки.
На 7 години била откриена од гимнастичарот Силвестер кој ја одвел во циркусот UniverSoul, каде регрутирале нови членови. Со нив таа заминува за САД. Денес таа заработува околу милион долари годишно.