Од под туш, по крадецот!
- Детали
- среда, 22 јули 2009
Храбра и уште помокра жена здогледала крадец низ прозорецот од својата бања додека се туширала. Крадецот уредно го зел нејзиниот велосипед за...
...прошетка, на што вчудоневидената сопственичка буквално во фармерки и со косата целата со шампон тргнала по типот со својот Јагуар.
Лесли Дедмен, поранешна градоначалничка од Дорсет, јужна Англија, го здогледала крадецот како и го краде велосипедот додека се туширала.
Дамата која е во години не почекала ниту да се избрише со крпата. Во стилот на Шварценегер тргнала во своите фармерки да го фати крадецот.
Го бркала неколку улици со својот Јагуар, а за некое време му го препречила патот. Човекот се забил во вратата.
"Не можев да се помирам со тоа некој само така да ми го украде велосипедот и направив се за да го вратам", раскажува Лесли опишувајќи изглед на средовечен развиен човек кој после сударот му ја летнал.
"За среќа, ја зеде само својата вреќа од предната корпа од велосипедот и побегна", кажува дамата, која судејќи по сето ова, следниот пат под својот туш со себе ќе си го земе и велосипедот.