Пиеш? Тато ќе плати!
- Детали
- понеделник, 20 јули 2009
Родителите на децата помлади од 16 години кои конзумираат, купуваат или бидат затекнати дека поседуваат алкохол од понеделник ќе бидат...
...казнувани во МИлано со 450 евра предупредиле денеска властите во Италија.
Инаку интересното е што всушност ќе бидат казнувани нивните родители, а не и самите деца. На интернет сајтот на општината Милано градските власти изјавуваат дека се среќаваат случаи и од 11 годинишни деца кои пијат алкохол.
Според здраствените податоци 1/6 од случаевите кои се пријавуваат во болница од труење од алкохол се помлади и од 14 години.
Оваа мерка стапува оваа недела во сила, а неа ќе ја спроведува полицијата во Милано. Казната се очекува и да се зголеми до 500 евра доколку не се плати на време.
Според Италјанските закони забрането е продавање на алкохол на лица помлади од 16 години во кафулиња и дискотеки.