Почина најстариот човек
- Детали
- сабота, 18 јули 2009
Најстариот човек на светот Хенри Алингем и еден од последните учесници во Првата светска војна, почина во 113-та година во дом за стари лица во...
...близината на Брајтон.
Алингем беше еден од двајцата последни војници од Првата светска војна во Британија. Другиот е Хари Печ.
Во Франција нема живи учесници од Првата светска војна, додека во САД живее само еден - Френк Вудруф Баклс од Западна Вирџинија. Лани почина последниот германски војник од Војната, по него замина и единствениот Италијанец.
За четири децении тој ги закопа своите сеќавања од војната избегнувајќи ги собирите на ветераните и одбиваше да разговара за настаните од војната со семејството.
Но, во 2005 го убедија да го отвори меморијалот на РАФ во Франција. Алингем тогаш рече дека одбивањето би било непочитување кон неговите соборци.
Алингем се борел од почетокот до крајот на Војната. Доброволно се приклучил на британската војска во 1914 и работел како механичар во британската кралска воздухопловна морнарица.
Во 1916 година учествувал во поморската битка кај Јитланд, а следната година во битката за Сома.
Својата долговечност своевремено ја припишуваше на „цигарите, вискито и дивите, диви жени“.
Алингем имаше 5 внуци, 12 правнуци, 14 праправнуци и 1 пра-пра правнук.
Британскиот премиер Гордон Браун му оддаде почит на воениот херој нарекувајки го „извонреден карактер“.