Хакери укралe податоци од 12 милиони сопственици на уреди на Apple

hakeri-ukrale-podatoci-od-12-milioni-sopstvenici-na-uredi-na-apple

Членовите на хакерската група AntiSec на својот профил на микроблогот Twitter објавија дека земале имиња броеви на мобилни телефони и адреси на повеќе од 12 милиони лица од компјутер на американското федерално биро за истраги FBI.

AntiSec хакерската група беше основана во 2011 година со обединувањето на ресурсите на двете претходно засебни големи хакерски групи Anonymous и LulzSec.

Како потврда, хакерите објавија лични податоци на милион идентификациски броеви Unique Device Identifiers (UDIDs) за апаратите на Apple, заедно со други лични информации за сопствениците на овие уреди, коишто биле украдени од лаптопот на агент на FBI. Според членовите на AntiSec, датотеката со податоци на преносниот компјутер на агентот, била хакирана во март годинава.

UDIDs е единствен број, претходно широко употребуван за идентификација на уреди на мобилниот систем на Apple iOS. По појавувањето во 2011 година на системот iOS 5, Apple го предупреди програмерите дека UDIDs системот е застарен, и треба да се прекине со неговата употреба. Тоа делумно е поврзано и со притисоците од групите за заштита на човековите права, кои истакнуваа дека системот претставува закана за анонимноста на корисниците.

Во пролетта 2012 година, Apple ги отстрани од својата онлајн продавница App Store апликациите кои продолжуваат да користат UDIDs.

Како што тврди хакерската група, оваа акција била направена само за да се привлече вниманието на јавноста дека FBI може да користи чувствителни информации за да следи и да ги лоцира корисниците на овие уреди.

04.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Ми ги отстранија двете гради поради рак - Гордо ги покажувам лузните за да им помогнам на другите ж... „Кога ми беше дијагностициран рак, се приклучив на Фејсбук група за млади жени с...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...
Дарувал крв 1.100 пати, со што спасил над 2 милиони бебиња: Кој е Џејмс Харисон, познат како „човеко... Џејмс Харисон е познат како „човекот со златна рака“. Тој е крводарител кој има ...
Има два клима уреди во секоја училница - Како изгледаат кинеските државни училишта? Воодушевена од изгледот на кинеските училишта, жена - доселеничка во Шангај, спо...
Вилијам и Кејт објавија нова божиќна семејна фотографија - Потсетува на фотката од Хари и Вилијам од... На новата празнична фотографија, кралското семејство е во опуштено издание, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg