Моногамијата не им е вродена особина на луѓето

monogamijata-ne-im-e-vrodena-osobina-na-lugjeto

Со неодамна објавената книга „Нови правила:интернет дејтинг, афери и еротска моќ“, социологот Кетрин Хаким се придружува на своите колеги кои сметаат дека моногамијата е надминат концепт што не може да ги задоволи потребите на современиот човек.

Интересно е што ова е уште една книга во низата што го критикуваат концептот на моногамија, а чии автори се во долг и среќен брак:Ален де Ботон го фалеше неверството во книгата „Како повеќе да мислите на сексот“, додека Кристофер Рајан со својата сопруга ја објави книгата „Секс пред зори“, чија теза е дека моногамијата не им е вродена особина на луѓето.

Сите споменати автори, кои уживаат голем углед во британскиот научен свет, тврдат дека моногамијата како конструирана идеја, забрзано паѓа во вода.

Во аристократското општество во XII век прељубата беше сосема нормална работа бидејќи се сметало дека вистинската љубов не е возможно да се оствари со животниот партнер, пишува Хелен Кројдон за британски „Гардијан“. Бракот од љубов, за каков што денес зборуваме, почна да се склопува дури во XVIII век.

Познатиот ренесансен мислител Мишел де Монтењ уште во XVI век пишувал дека секој маж што е во среќна врска со својата сопруга веројатно е толку глуп бидејќи никој друг не може да го сака. Врз основа на ова пишување и бројни антрополошки истражувања, Кројдон заклучува дека морализирањето за „традиционални семејни вредности“ и „традиционален брак“ е лажно бидејќи таа традиција не е баш со многу долг век.

Дали тоа значи дека е невозможно да се оствари бајката „живееја среќно до крајот на животот“ во пар?Не сосема, пишува Кројдон. Попрво ќе биде потребно преобликување на ригидните правила и соочување со фактот дека, колку и да не ни се допаѓа, љубовните афери се дел од нашето секојдневие.

29.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg