И бездомниците користат Фејсбук

i-bezdomnicite-koristat-facebook

Студијата на Универзитетот во Дејтон покажа дека и бездомниците користат Фејсбук и други социјални мрежи,бидејќи тоа им го дава чувството дека се прифатени и еднакви со другите луѓе, без оглед на нивниот социјален статус.

Луѓето на Фејсбук  гледаат како на ентитет од билион долари кој нуди акции и продава многу реклами. Меѓутоа, на Фејсбук, бездомниците имаат еднаков пристап до сите негови содржини, па така го добиваат чувството на припадност, а тоа е нешто посилно од материјалното поседување, тврди социологот и криминалист Арт Џипсон во студијата што ја објави на своите интернет страници Американското социолошки здружение.

Низ интервјуа со испитаниците учесници во истражувањето, Џипсон открил дека бездомниците ги користат социјалните мрежи не само да за изградат мрежа на поддршка, туку и за да ги решат секојдневните проблеми како што каде ќе јадат, да пронајдат место за преспивање или како да најдат различни социјални служби.

„Зошто и јас не би бил на Фејсбук? Имама еднакви права како и сите други. Само затоа што сум бездомник, не значи дека не ми е дојдено во овие работи. Моето семејство, пријателите и луѓето за коишто се грижам се на Фејсбук“, вели еден од испитаниците во студијата.

Џипсон открил и дека на некои членови на заедницата на бездомниците, општествените мрежи им претставуваат своевидни прибежишта и место за интеракција каде нема да бидат осудувани.

„Никој не нетот не се грижи ако вчера не сум се истуширал или како ширам реа. Не ме осудуваат, се чувствувам прифатено и прифатен сум“, вели друг испитаник во истражувањето.

Џипсон смета дека е интересно откритие тоа што на страниците на социјалните мрежи, од коишто некои заработуваат на огласување базирани на ’лајковите’, кликови, коментари, статуси, па дури и оние најмалку комерцијално атрактивните, корисниците стануваат рамни на оние најбогатите, што покажува дека социјалните мрежи на сите им носта еднакви услуги и полза.

„Нашите ’постови’ стануваат сопственост на компаниите за огласување коишто прават сé за да остварат профит во облик на вредност за компанијата и акционерите отколку за корисниците. Меѓутоа за сиромашните корисници на социјалните мрежи, коишто се растечка популација, вредноста е во самата онлајн заедница којашто е егалитирана“, тврди Џипсон.

Неговата инспирација за овој проект дошла кога случајно како истражувач на социологијата на музиката имал седмично шоу на универзитетската радио станица WUDR. Кога еден слушател кој телефонски се јавил во студиото го запрашал за името и локацијата, се изненадил кога дознал дека станува збор за бездомник кој има мобилен телефон. Подоцна го контактирал слушателот и утврдил дека користи мобилниот телефон за социјалните мрежи, роверување и пишување пораки на Фејсбук и Твитер.

Потоа Џипсон организирал интервју со слушателот и тоа го довело до интервју со други 13 бездомници од таа заедница. Според него, повеќето од нив имале повеќе до сто пријатели на Фејсбук.

29.08.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

16 години ја крие од целиот свет – Која е сопругата на „крвавиот принц“ од Саудиска Арабија? Западните медиуми пишуваат дека еднаш била толку претепана што морала да заврши ...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Близнаци милијардери обвинети за силување: „Во една вечер ме нападнаа и двајцата“ Им подметнувале на девојките дрога, ги носеле сосила во нивниот стан или на заба...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg