Актерот Кирк Даглас донира 50 милиони долари
- Детали
- понеделник, 30 јули 2012
Холивудската легенда Кирк Даглас вети дека ќе донира 50 милиони долари за добротворни цели.
Актерот и неговата сопруга Ен средствата ќе ги наменат за пет непрофитни организации преку својата фондација Даглас.
Дел од сумата ќе оди за подобрување на работата на одделот за нега на пациенти болни од Алцхајмерова болест во болница во Калифорнија, а дел од донацијата ќе биде наменета за театарот Кирк Даглас во Калвер Сити.
Заштитниот центар за жени на Ен во Лос Анџелес, исто така, ќе биде меѓу корисниците на средствата, како и Лоренс универзитет во Њујорк во кој Даглас учел. Оваа институција ќе добие пари за да ја зајакне својата програма за доделување на стипендии на студенти од малцинствата.
„Ен и јас размислуваме исто со филозофски пристап кон филатропијата. Ние сметаме дека грижата се изразува преку споделување", изјави 95-годишниот Даглас преку соопштението.
30.07.2012 (Макфакс)