Го тужат, дипломирал премногу брзо
- Детали
- четврток, 12 јули 2012
Универзитетот за економија и менаџмент во Есен, тужи еден нивни студент бидејќи успеал да дипломира и магистрира за само 3, од предвидените 11 семестари.
Мерсел Пол успеел да го постигне ова со помош на двајца другари кои оделе на потребните часови и земале забелешки за него. А, за да биде поиронична ситуацијата, истовремено Пол одел на пракса во една од тамошните банки.
Фактички, училиштето го тужи Мерсел за „загуба на приход“ – односно за неплаќање на парите кои инаку требало да ги даде ако учи во регуларно време. Така сега тие го тужат Месрел на околу 3,772 долари, значително помалку во однос на тоа кога би требало да ги даде во нормални услови.
Пол се правда дека уште пред да се запише на овие студии, Универзитетот знаел за ова, но не се побунил.