Вака се одмаздува изневерена жена
- Детали
- вторник, 10 јули 2012
Колку разводот може да боли покажала една жена чиј гнев кон бившиот маж бил толкав што превземала екстремни мерки!
Разводот е болен процес во кој ниту мажот ниту жената не остануваат поштедени. Вообичаено трае долго, а додека сите судски процеси не завршат двете страни остануваат потполно исцрпени.
Една жена сепак собрала сила и по разводот изреагирала неверојатно бурно! Од дома сакала да отстрани сè што ја потсетувало на мажот.
На негова несреќа, таа неговите работи ги исфрлила во дворот веднаш пред знакот на кој самата напишала со спреј:
„БЕСПЛАТНО“ и „РАСПРОДАЖБА НА РАБОТИТЕ ОД БИВШИОТ МАЖ“
Доколку некој не ја знаел причината на нивниот развод, оваа жена од Висконсин ја решила таа мистерија така што ги дупнала гумите на комбето и на него напишала „Прељубник“.
Комшиите за локалните весници рекле дека разводот е завршен оваа недела. Возачите кои што поминувале низ овој крај успорувале за да ја погледнат оваа потполно невообичаена сцена.
Гужвата станала толку голема што полицијата морала да го отшлепа возилото.