700.000 учесници на геј парадата во Берлин
- Детали
- понеделник, 25 јуни 2012
Повеќе стотици илјади луѓе, според организаторите околу 700.000, учествуваа на Парадата на гордоста во Берлин. Учесниците со звуците на електронската музика, тргнале во прошетка од квартот Кројзберг во северниот дел на германската престолнина, за на крајот на денот да стигнат кај Бранденбуршката капија, каде на сцената до полноќ се менувале диџеи и музички изведувачи.
Градоначалникот на Берлин и припадник на геј заедницата Клаус Воверајт го означил почетокот на манифестацијата која секоја година овозможува на учесниците со своите костими да искажат оригиналност и хумор.
Учесниците обрнале внимание и на тешката ситуација за геј заедницата во Русија, со голем портрет на Путин и Медведев, прикажани во кич стил на француските уметници хомосексуалци Пјер и Жил.