Мрачната судбина на Стејси Дон: Татко ѝ ја терал да му биде „сопруга“, добила ќерка од него - денес е поддршка на други
- Детали
- четврток, 17 април 2025
Нејзиниот живот, од безгрижно детство, преминал во злоставување и страв кога почнала да живее со својот биолошки татко. Татко ѝ ја претставувал во јавноста како своја партнерка и ја третирал како да му е „сопруга“. Приказна која буквално го згрози светот...
Стејси Дон (37) е жена од Велика Британија, позната по нејзината храброст да ја сподели својата лична приказна за преживеаното сексуално, физичко и емоционално злоставување од страна на нејзиниот биолошки татко, Најџел Тејлор.
Како резултат на ова злоставување, таа останала бремена и ја родила ќерката, Кејди (16), која денес е тинејџерка и целосно ја поддржува мајка си.
Стејси со ќерка ѝ Кејди
Во 2021 година, Стејси го започнала блогот и групата за поддршка „The Life of Stace Don“, каде што нуди совети и емоционална поддршка на други луѓе кои преживеале злоупотреба.
Таа вели: „Сакам да бидам таа личност што јас никогаш не ја имав“.
Во јануари 2025 година, Стејси ја објави својата автобиографија „My Girl: For The Little Girl I Was Never Able To Be“, во која детално ја опишува нејзината борба и патот кон закрепнување.
Стејси како бебе била згрижена од страна на згрижувачко семејство, откако била запоставена од своите биолошки родители.
Веднаш по раѓањето, во првите месеци од животот, социјалните служби ја одделиле од нејзините биолошки родители, бидејќи не се грижеле за неа на соодветен начин.
Првите 7 години од животот на Стејси ѝ биле идилични и полни со љубов, бидејќи тогаш живеела со своето згрижувачко семејство.
Таа цело време верувала дека тие се нејзините вистински родители, и се чувствувала сакана и сигурна.
За Стејси, тоа бил период кога имала „вистинско детство“, исполнето со среќа и стабилност, сè до моментот кога се појавил нејзиниот биолошки татко и ја нарушил таа слика.
Биолошкиот татко на Стејси, Најџел Тејлор, првпат ѝ се приближил кога имала околу 7 години, додека била во парк.
Тој ѝ пришол и ѝ рекол дека е нејзиниот вистински татко. Тоа било првата средба која ѝ го променила животот.
По таа средба, надлежните служби реагирале, бидејќи се открило кој ѝ е биолошкиот татко.
Стејси со биолошкиот татко по раѓањето
Како резултат на тоа, Стејси била одземена од згрижувачкото семејство кај кое била среќна, и на возраст од 10 години, ја преместиле да живее со биолошката мајка, која, според Стејси, не ја сакала таму, а и нејзиниот тогашен партнер не ја поднесувал.
На 13 години, била испратена да живее кај биолошкиот татко - Најџел Тејлор, а Стејси била возбудена што конечно ќе биде со својот „вистински татко“.
Мислела дека ќе имаат убав однос, но многу брзо сфатила дека тој е насилен, контролирачки настроен и опасен.
Нејзиниот живот, од безгрижно детство, преминал во злоставување и страв.
Татко ѝ врз неа вршел физичко насилство.
Ја тепал доколку домашните обврски не ѝ биле направени според неговите стандарди.
Ја терал да прави армиски вежби навечер, и ако застанела да се одмори, ја удирал со тупаници во стомакот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





