Девојка објавила формулар за кандидати за партнер, слично како оглас за работа
- Детали
- среда, 29 јануари 2025
Од хороскопски знак до „колку луди бивши имаш“ се прашањата во формуларот за кандидати за дечко на Вера Дајкманс (27) oд Холандија. Колку мажи се пријавиле, а колку ѝ ги задоволиле критериумите?
Вера Дајкманс (27) oд Холандија се нарекува себеси „најпосакувана жена на светот“ и тврди дека добила 5.000 апликации од мажи кои сакале да се состануваат со неа.
Таа на социјалните мрежи објавила оглас да аплицираат сите мажи, кои би сакале да ѝ бидат партнери.
Но, вели дека од огромниот број апликации, само тројца ги задоволувале нејзините строги критериуми.
Вера ја следат повеќе од 5.5 милиони луѓе на Инстаграм.
За изборот на партнер таа вели:
„Не треба да бирате мажи на кои сте им само повик доцна во ноќта, треба да пронајдете маж кој однапред прави планови со вас.
Ова е мое правило и ако предлогот за прв состанок не е импресивен, воопшто не ни одам. Ах, да, и мора да ми донесе подарок.
Гестот значи многу и букет цвеќе ќе биде сосема во ред. Не треба да е нешто скапо, туку само симболично дека го цени вашето време и друштво.
Сакам третман на принцеза, затоа што сметам дека заслужувам“.
Дел од работите кои ги имала наведено Вера во формуларот за момче како прашање биле: хороскопски знак, број на поранешни партнерки, број на бивши кои се „луди“, како би се опишал себеси, дали живее со родителите, дали има секс пријателки, кој му е омилен пејач...
Таа вели дека ѝ воодушевена што толку многу мажи аплицирале за да ѝ бидат партнери, но засега ја става потрагата во мирување.