Лорен Санчез го прекрши дрес кодот на инаугурацијата на Трамп - Марк Закерберг ја зјапа во деколтето
- Детали
- вторник, 21 јануари 2025
Свршеницата на Џеф Безос се појави на инаугурацијата на Трамп во сако под кое носеше само бел градник (или корсет). Во еден миг, и погледот на Марк Закерберг „залута“ кон нејзиното деколте.
Покрај Меланија и Иванка Трамп, на инаугурацијата на новиот претседател на САД се истакна и свршеницата на Џеф Безос, и тоа од, според многумина, лоша причина.
Лорен Санчез се појави во бел костим, но од сакото наместо кошула или блуза, ѕиркаше нејзиниот градник. Некои велат дека под сакото носи корсет, но дека сепак модниот избор не е соодветен за пригодата.
55-годишната Лорен беше во друштво на нејзиниот сопруг, а до неа седеше и Марк Закерберг кој во еден миг се загледа во нејзиното деколте.
Лорен се соочи со бројни критики за изборот на аутфит и многумина истакнуваат дека градникот и длабокото деколте воопшто не се соодветни за настан како инаугурација на претседател.
„Ова не е излегување во дискотека. Покажи малку достоинство“.
„Свршеницата на Безос заборавила да облече блуза за инаугурацијата“.
„Боже Лорен, скриј ги градите барем на еден ден“.