Бизарно: „Потрошила 900.000 евра за да биде ‘совршена жена’ и сега вели дека добриот изглед е клетва“
- Детали
- понеделник, 20 јануари 2025
Бразилка (35), прогласена за жена со ‘совршени пропорции’ од страна на Плејбој, има бизарна зависност. Таа е зависничка од пластични операции од 18-годишна возраст.
Жанаина Празерис (35) е бразилски модел, кој во една пригода според магазинот „Плејбој“ беше крунисана како „совршена жена“ поради пропорциите на телото.
Сепак, Жанаина не е природна убавица, туку на себе има направено многу операции и корекции со кои започнала од 18-годишна возраст.
Но, во последно време Жанаина вели дека својата убавина повеќе ја смета за клетва, отколку за благослов.
Покрај во склопувањето пријателства, изгледот ѝ пречел и во потрагата по работа.
Жананина има потрошено околу 900.00 евра на операции и тоа од зголемување на градите до филери во задникот, ботокс, отстранување на масно ткиво и што уште не.
Таа за сметка на изгледот оди дури во крајности, па практикува и екстремни третмани со пчелин отров и слично.
За медиумите таа вели:
„Мојот изглед е резултат на значајна инвестиција и планирање.
Сакам да се чувствувам убава и секогаш да си ја одржувам самодовербата на високо ниво. Сметам дека нема ништо лошо ако си платам за нешто што прави да се чувствувам добро и моќно.
Но, да се биде премногу убав понекогаш е лошо затоа што мажите ме гледаат како објект и трофеј.
Плус, тешко ми е да ги одржувам пријателствата со жените затоа што често се завидливи и натпреварувачки настроени кон мене.