Богати и славни бегаат од пожарите во Лос Анџелес: Горат луксузни куќи, илјадници луѓе евакуирани (фото+видео)
- Детали
- среда, 08 јануари 2025
Во вторникот (07.01) во Лос Анџелес избувна пожар кој уште трае и кој зафати дел од луксузните домови на славните и богатите. Меѓу нив, Бен Афлек беше фотографиран како се евакуира.
Област во Лос Анџелес каде што живеат богати и славни е зафатена од огромен пожар, а досега се евакуирани над 30.000 луѓе.
Поради пожарите, патиштата се блокирани, па многумина ги оставиле своите автомобили и се евакуирале пеш.
Според досегашните информации, бидејќи имало можност пожарот да продолжи да се шири, на над 1.000 други луѓе им било посочено дека веројатно и тие ќе треба да се евакуираат.
Пожарот почнал во вторникот (07.01) околу 10 часот наутро и веќе изгорела површина од над 12 километри квадратни.
Пожарникарите со часови се борат со огнената стихија, а се гасне и со хеликоптери и авиони.
Меѓу познатите кои имаат куќа во зафатената област е Бен Афлек, кој беше фотографиран како се евакуира во неговиот автомобил.
Исто така, и Том Хенкс и Рита Вилсон имаат куќа во овој дел на Лос Анџелес.
И куќите на Крис Прат, Рис Витерспун и сестрите Кардашијан се наоѓаат во оваа област, но наводно засега не се зафатени од пожарот.
Ријалити ѕвездата Спенсер Прат и неговата сопруга Хајди Монтаг го изгубија домот, а беше споделена и фотографија на која очајно гледа кон областа каде што се наоѓа нивната куќа.
Според последните информации, низ Лос Анџелес моментално има три одвоени пожари, а на терен се околу 1.400 пожарникари.
Покрај луксузните куќи, горат и околните планини, односно пожарите се закана и за дивиот свет.
Моментално не е познато како почнале пожарите, ниту колкава штета предизвикале досега.