Кучето Џин не се двои од болно детенце

kuceto-dzin-ne-se-dvoi-od-bolno-detence-povekjeТешко болното 4 годишно детенце Лукас Хембри од Тенеси боледува од Санфилипов синдром, генетска грешка на метаболизмот која настанува како...


...резултат на недостиг на ензими кои го разградуваат шеќерот во организмот.

Според прогонозите на лекарите, ова несреќно дете има уште една година живот, и се очекува да падне во вегетативна состојба од која нема спас.

Единствена надеж да му се продолжи малку животот е рехабилитација со помош на посебно обучено куче кое чини повеќе илјади долари. Родителите немале финансиски средства за да обезбедат такво куче, а дресерите одлучиле дека „Лукас не смее да биде во близина на куче“ затоа што заради природата на болеста често може да биде агресивен.

kuceto-dzin-ne-se-dvoi-od-bolno-detence

Очајниот татко на Лукас отишол во азил на напуштени кучиња и зел едно женско кутре кое го спасил од еутаназија. По некое време се воспоставило дека тоа е вистинското кутре за малиот.

„Неверојатно брзо се зближија и засакаа, а кучката Џин веќе неколку пати му го спаси животот. Една ноќ ме разбуди завивање. Се стрчав во собата и ја видов Џин како ја душка главата на мојот син. Нивото на кислород беше премногу ниско. Тогаш сфатив дека таа ги чувствува невролошките промени во неговиот организам и веднаш реагира . Сега знам дека беше судено да ја најдам Џин. Ние ја спасивме неа, а таа секој ден го продолжува животот на моето дете“ – изјавил таткото на Лукас кој сам го дресирал кучето.

Повеќе за оваа нераздвојна двојка може да прочитате и на Фејсбук: https://www.facebook.com/PrayingforLucas

Би можело да ве интересира:

Мали девојчиња користат продукти за убавина и против стареење – Нов луд тренд на ТикТок Дерматолозите се сериозно загрижени за децата кои користат производи за нега на ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
10 најплатени познати личности на Инстаграм - за една објава земаат милиони Освен што се најпопуларни, тие се и најплатени познати личности на Инстаграм. За...
Индијка (16) станала модел за да го спаси семејството од сиромаштија: „Сакам да купам куќа за татко ... 16-годишна Индијка почнала кариера како модел откако била забележана од холивудс...
Дарувал крв 1.100 пати, со што спасил над 2 милиони бебиња: Кој е Џејмс Харисон, познат како „човеко... Џејмс Харисон е познат како „човекот со златна рака“. Тој е крводарител кој има ...
„Јас сум богата татина ќерка - ништо не работам, татко ми ми плаќа сè“ Девојка од Сингапур постојано се фали со екстравагантниот животен стил, благодар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg