Меган и Морган беа „најубави близначки во светот“ - денес се тинејџерки кои „маѓепсуваат“ со поглед

Некогаш малите и слатки девојчиња, денес се тинејџерки, чии очи и убавина никого не оставаат рамнодушен.

megan-i-morgan-bea-proglaseni-za-najubavi-bliznachki-vo-svetot-denes-se-tinejdzerki-koi-magjepsuvaat-so-pogled-001.jpg

Американката Стефани Бојд на 6 јуни 2011 година на свет ги донесе близначките Меган и Морган и веднаш било јасно дека се посебни.

И двете имаат впечатливи сини очи, а уште поинтересно е тоа што едната од нив е родена со хетерохромија, односно двете очи ѝ се со различна боја - едното око ѝ е сино, а другото темно кафеаво.

megan-i-morgan-bea-proglaseni-za-najubavi-bliznachki-vo-svetot-denes-se-tinejdzerki-koi-magjepsuvaat-so-pogled-10.jpg

Во 2015 година Стефани за првпат сподели фотографија од своите ќерки и девојчињата веднаш станаа интернет сензација.

Таа им го дала прекарот „Trueblue twins“, по кој се препознатливи и денес.

megan-i-morgan-bea-proglaseni-za-najubavi-bliznachki-vo-svetot-denes-se-tinejdzerki-koi-magjepsuvaat-so-pogled--.jpg

Убавите сестри набрзо станаа многу популарни низ Америка, па дури и низ цел свет и уште многу мали ја започнаа својата манекенска кариера.

megan-i-morgan-bea-proglaseni-za-najubavi-bliznachki-vo-svetot-denes-se-tinejdzerki-koi-magjepsuvaat-so-pogled-20.jpg

Меган и Морган беа прогласени и за најубави близнаци на светот, рамо до рамо со близнаците Клементс, кои се исто така многу популарни.

Бојата на очите девојчињата ја наследиле од мајка им, која со изборот на облека умее уште повеќе да им ги исткне очите.

Стефани редовно споделувала фотографии од своите ќерки, професионални и спонтани од приватниот живот, па денес Меган и Морган имаат речиси милион следбеници на Инстаграм.

megan-i-morgan-bea-proglaseni-za-najubavi-bliznachki-vo-svetot-denes-se-tinejdzerki-koi-magjepsuvaat-so-pogled-17_copy.jpg

Тие во јуни оваа година ќе наполнат 13 години.

Иако се веќе тинејџерки, и понатаму привлекуваат внимание со својот необичен изглед. 

Популарни се на сите социјални платформи, а освен на Инстаграм, активни се и на ТикТок. 

megan-i-morgan-bea-proglaseni-za-najubavi-bliznachki-vo-svetot-denes-se-tinejdzerki-koi-magjepsuvaat-so-pogled-11.jpg

Како и останатите родители на деца-ѕвезди, така и родителите на Меган и Морган беа критикувани дека ги „експлоатираат нивните деца“. 

Сепак, родителите на овие две убавици Стефани и Лоуел, тврдат дека девојчињата уживаат и во детството и во славата, а и живеат и играат како и сите други деца.

Како денес изгледаат близначките погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Родители ја изгладнувале ќерката – на 17 години имала 27kg: Случај од Австралија ја згрози јавноста Во Австралија, во процес е судење на родители кои ја изгладнувале нивната ќерка ...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Патник ме нарече ужасна мајка за време на авионски лет, а врескаше и по моите деца“ „Моето 2-годишно дете направи мал инцидент и во тој миг еден патник кој седеше б...
Слаткото момче од Киндер денес е во љубов со Романка – Која е вереницата на заводникот од Србија? Била Мис Романија, се преселила во Италија и денес чекори на модните писти на го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg