Волшебни фотки и видеа од целосното затемнување на Сонцето – Кога ќе можеме да го видиме кај нас?
- Детали
- вторник, 09 април 2024
Твитер е преплавен со фотки и видеа од целосното затемнување на Сонцето кое беше видливо во делови од САД и Канада. Во Македонија не се гледаше ништо, но во 2026-та ќе можеме да сведочиме на делумно затемнување.
Луѓето во Америка вчера (08.04) имаа можност да сведочат на затемнување на Сонцето.
Во Северна и Централна Америка помрачувањето беше делумно, но во некои области имаше и целосно затемнување. Односно, Месечината целосно го прекри Сонцето и за миг владееше мрак.
Целосното затемнување беше видливо во 15 американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Кентаки, Охајо и Њујорк, како и во седум покраини во Канада.
Во Македонија не беше видливо никакво затемнување. Од европските држави, единствено во Ирска и Обединетото Кралство се гледаше делумно затемнување.
Според веб-сајтот Time and Date, во Македонија ќе можеме да видиме делумна соларна еклипса во август 2026-та, како и во август 2027 година.
Според друг веб-сајт, целосно затемнување на Сонцето кое ќе биде видливо од кај нас ќе има дури во 2236 година.
Но, во наредните деценија-две ќе има видливи соларни еклипси во некои делови од Европа.
Во август 2026-та ќе има целосно затемнување кое ќе биде видливо од Португалија, Шпанија, Австрија…
Истото затемнување ќе биде делумно видливо од Албанија, а веќе спомнавме дека делумно ќе се гледа и од Македонија.
А, додека чекаме можност да сведочиме на овој феномен, погледнете неколку фотки и видеа од вчерашната еклипса:
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





