Бизарно или храбро: Инженер обожава да носи здолништа и чевли со високи потпетици
Кога првпат разговарал со децата за својата облека, се обидел да им објасни дека нема ништо сексуално во начинот на кој ја составува својата дневна гардероба и дека нивниот татко не е хомосексуалец.
Неговата ќерка сега е една од неговите најголеми обожаватели и сонува еден ден да може да позајми пар чевли од својот татко.
Таа дури и му помага да избере модни комбинации.
Тој стана голема сензација, а само на Инстаграм го следат над 600.000 луѓе.
Вели дека дури и неговите колеги од работа го прифатиле неговиот стил на облекување.
Љубовта кон високите потпетици кај него се јавила пред 40 години.
Неговата цимерка била многу висока, а сепак носела потпетици високи по 10 сантиметри и била повисока од него.
Еден ден ги пробал нејзините потпетици и оттогаш не престанал да носи ваков тип чевли.
Пред 4 години, во својата гардероба ги вметнал и здолништата.
Како што истакнува, повеќе сака здолништа од фустани бидејќи тие му овозможуваат да го направи својот стајлинг помажествен над половината, а родово неутрален подолу.
И покрај негативните коментари кои ги добива, Марк вели дека веќе е на возраст кога воопшто не се грижи што мислат другите за него и ужива во животот.
С. Ш. | Црнобело / фото: Инстаграм