Бизарно или храбро: Инженер обожава да носи здолништа и чевли со високи потпетици
- Детали
- недела, 10 март 2024
Сите мислат дека е хомосексуалец, бидејќи постојано носи високи потпетици и здолништа. Но, инженерот Марк од Германија вели дека само сака женска облека, a има и сопруга која многу ја сака.
64-годишниот Марк Брајан стана онлајн сензација откако неговите фотографии се појавија на социјалните мрежи.
По потекло е од Далас, но во 2010 година се преселил во Германија, каде денес работи како инженер и тренер на локален фудбалски тим.
Обожава планинарење и брзи автомобили, но и убави жени.
Но, исто така обожава да носи здолништа и високи потпетици.
Модните комбинации кои ги носи се уникатни и, секако, многу смели.
Тој дури се појави и на Модната недела во Париз на почетокот на годинава.
Го нарекуваа „ѕвезда на стилот“, а на пистата се прошета во црно-бела јакна, која ја искомбинира со чизми до колена.
Пред неколку дена, тој повторно присуствуваше на Модната недела во Париз, само на еден ден за да го види шоуто на Christian Louboutin, еден од најпознатите светски дизајнери на чевли.
Себеси се опишува како обичен човек кој сака да носи здолништа и високи потпетици.
Иако некои мислат дека е хомосексуалец, тој тоа го негира.
Среќно е оженет и има три деца.
Вели дека неговата сопруга го сака токму таков каков што е и го поддржува во сѐ што прави.