Судбината на племето Јарава
- Детали
- четврток, 12 јануари 2012
Племето Јарава е една од најпримитивните заедници на планетата. Секојдневно се понижувани затоа што стотици туристи кои го посетуваат...
...нивниот резерват на далечните Андамански острови во Индискиот Океан, кон нив се однесуваат како кон животни.
Им фрлаат остатоци од храна, ги бркаат полуголите доморотки, а ако заработат пари корумпираните полицајци им ги одземаат во замена за тутун.
Ова племе го сочинуваат 403 луѓе кои до 1998 година живееле во потполна изолација, а во теоријата нивниот контакт со надворешниот свет не би требал да биде онаков каков што е во моментот. Знаците поставени околу нивниот резерват предупредуваат дека е забрането да им се дава храна, дека камерите и фотоапаратите се забранети и може да бидат одземени.
И покрај тоа, посетата на ова племе е вистински хит за туристите благодарение на полицијата која за 15.000 рупи врти глава и не се замара со забраните.
„Членовите на племето знаат дека е потребно да контактираат со надворешниот свет, но не смее да дојде до културен шок. Тие сами треба да го одберат темпото“ – нагласува Денис Гилс, уредник на локално списание, додавајќи дека е посебно загрижен за нивната наивност затоа што им веруваат на локалните полицајци.
Дека туристите немаат никакво почитување кон Јаравите покажуваат и случаите каде жените од племињата им раѓале деца на дојденците, но тие не биле прифатени од племето и морале да бидат убиени.