Детали за претсвадбената прослава на синот на најбогатиот Индиец (фото)
Во текот на трите дена, гостите постојано имале некаква разонода
На првиот ден имале забава со коктели, а присуствувале и на шоу со дронови.
Вториот ден биле однесени во центар за спасување животни со кој раководи младоженецот.
Гостите имале можност да го посетат центарот и на третиот ден, каде што виделе над 200 слонови, 300 диви мачки и 120 влекачи кои биле спасени од сигурна смрт.
Во текот на трите дена, пак, биле најмени 20 професионални готвачи.
Гостите добиле прирачник за дрес код од 9 страници
Обично дрес кодот за некој настан се опишува во реченица-две, но не и на оваа прослава.
Наводно, гостите добиле прирачник од девет страници на кој, меѓу другото, биле наведени и фризери, стилисти и мејкап артисти кои биле најмени за нив.
За посетата на центарот за животни, гостите требало да носат облека инспирирана од џунглата, како и удобни чевли, додека требало да имаат и традиционална и раскошна индиска облека.
Семејството Амбани изградило 14 храмови пред свадбата
Во пресрет на летната свадба, милијардерот изградил 14 верски храмови низ разни локации на Индија.
Повеќе фотки од тридневната прослава:
Спирова С. | Црнобело