Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото)
Рос смета дека немале некои тешкотии при искачувањето бидејќи со сопругата и Картер редовно вежбале техники за вежбање, а се бањале и во многу студена вода.
Семејството сè уште е на пат низ Азија и моментално се наоѓаат во Тајланд. Следната дестинација ќе им биде Камбоџа.
„Ни се допаѓа што син ни е изложен на разни култури и си игра со секакви дечиња од селата што ги посетуваме по пат.
Сет ова навистина му го отвора умот“, открива татко му и додава дека целта што ја споделуваат нивната приказна е да ги инспирираат другите да патуваат и да го истражат светот.
Како што вели самиот, овој начин на патување е многу подобар отколку само да се отиде на обичен одмор на Тенерифе или друга егзотична дестинација.
Спирова С. | Црнобело