Се вљубила во бездомник што го видела пред супермаркет, денес имаат 2 деца: Љубовна приказна како од филм

Му понудила пари на бездомникот, но тој ги одбил и ѝ помогнал со торбите од пазарење... Љубовната приказна на Јасмин и Меколи од Англија е како од филм и дефинитивно има среќен крај.

se-vljubila-vo-bezdomnik-shto-go-videla-pred-market-denes-imaat-2-deca-ljubovna-prikazna-kako-od-film-01.jpg

Иако повеќето љубовни приказни денес започнуваат на социјалните мрежи и апликациите за запознавање, оваа приказна звучи како извадок од роман. 

Приказната на овој пар станала вирална откако одлучиле да ја споделат на социјалните мрежи.

Британката Јасмин Гроган се заљубила во бездомникот Меколи Марчи кого го сретнала пред супермаркет. Му понудила пари, кои тој ги одбил.

jasmin-se-zaljubila-vo-bezdomnik-koj-go-sretnala-pred-supermarket-denes-se-roditeli-na-2-deca-13.jpg

Откако влегла во маркетот и продолжила со пазарење, не можела да престане да мисли на него.

„Излегов надвор и прашав дали можам да му помогнам некако, но тој рече не.

Ме праша дали сакам да ми помогне со торбите до такси возилото и јас се согласив“, раскажува таа.

jasmin-se-zaljubila-vo-bezdomnik-koj-go-sretnala-pred-supermarket-denes-se-roditeli-na-2-deca-05.jpg

Јасмин го поканила бездомникот на вечера и иако му било непријатно, сепак прифатил.

На вечерата долго разговарале за неговиот живот, а Јасмин одлучила да му купи мобилен телефон, за да останат во контакт.

se-vljubila-vo-bezdomnik-shto-go-videla-pred-market-denes-imaat-2-deca-ljubovna-prikazna-kako-od-film-02.jpg

Благодарен што Јасмин покажала толкава добрина, Меколи ѝ напишал порака: 

„Ми го разубави денот, ти благодарам за сѐ, неверојатна си. Не можам да престанам да мислам на тебе“.

jasmin-se-zaljubila-vo-bezdomnik-koj-go-sretnala-pred-supermarket-denes-se-roditeli-na-2-deca-02.jpg

По извесно време тие договориле уште една средба, по што завршиле во нејзиниот дом.

„Му донесов нова облека и му реков дека може да преноќи кај мене, но на крајот остана многу подолго од една ноќ.

Недолго после тоа се заљубивме еден во друг. Знаев дека тој е вистинскиот маж за мене. Беше толку добар и фин“, раскажува Јасмин.

jasmin-se-zaljubila-vo-bezdomnik-koj-go-sretnala-pred-supermarket-denes-se-roditeli-na-2-deca-11.jpg

Меколи одлучил да поработи и на својот физички изглед - ја избричил брадата, а добил и нови заби, па почнал да аплицира за работа.

Денес парот има две деца, често споделуваат нивни фотографии и видеа на Инстаграм и ТикТок и уживаат во заедничкиот живот.

Повеќе видеа и фотографии од парот погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Млад пар вдомил теле како милениче: „Спие во гаражата, но преку ден е дома со нас“ За повеќето, чувањето миленик значи грижа за мачка, куче или, пак, хрчак или риб...
Сериозен проблем со здравјето, неколку операции: Што се случи со најубавото девојче во светот, Тилан... 22-годишната Тилан Блондо беше прогласена за „најубаво девојче во светот“ кога и...
Се вљубила во шеикот на Дубаи, кога останала бремена ја оставил за друга – Животот на Нивин Ел Гама,... По само 2 години нивната бајка се претворила во кошмар. На телевизија видела дек...
Имаат 600 слуги, јадат со златен прибор: Кој е најбогатиот пар во Индија? Најбогатиот маж во Индија има милијарди на сметка, на сопругата ѝ купува сѐ што ...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg