Девојче (7) од САД има стомачни, оди во козметички салони и учествува на натпревари за убавина – Мајка ѝ се соочува со критики
- Детали
- сабота, 20 јануари 2024
Кинли од Лос Анџелес има само седум години, но има изразени стомачни мускули поради напорните тренинзи и строгиот режим на исхрана. Таа учествува и во натпревари за убавина, но мајка ѝ се соочува со критики бидејќи, според следбениците на Инстаграм, не ѝ дозволува да биде дете.
Натпреварите за убавина за деца што се одржуваат во САД честопати се критикувани, најмногу бидејќи натпреварувачите се мали девојчиња кои покрај нападната шминка, некогаш носат и облека несоодветна за нивната возраст.
Критиките обично се насочени кон родителите кои ги тераат своите деца да одат на третмани разубавување, како депилација, па дури и ги подложуваат на напорни тренинзи.
Ваков е случајот и со Кинли Хејман од Лос Анџелес која поради напорните тренинзи има изразени стомачни мускули на само 7-годишна возраст.
Мајката на Кинли, Ејнџел, тврди дека првпат забележала дека ќерка ѝ има истакнати стомачни мускули кога девојчето имало само три години.
Притоа, Ејнџел ја пријавува ќерка си на натпревари за убавина уште од 2-годишна возраст.
Кога, пак, забележала дека има „атлетско тело“, ја запишала на гимнастика.
Ејнџел вели дека за ќерка ѝ да биде во топ форма, следи строг режим на исхрана и ѝ дозволува храна како чоколадо и чипс многу ретко.
Истовремено, Ејнџел тврди дека мускулестото тело е и поради гените.
„Кинли и нејзиниот брат постојано се натпреваруваат кој има подобри стомачни мускули. Таа си ги сака стомачните и горда е на своето тонирано тело. Прави многу вежби за стомачни за да ги одржува“.
Ејнџел вели и дека ќерка ѝ многу сака гимнастика и дека кога ќе порасне, се надева дека ќе се натпреварува на Олимписките игри.
Малото девојче вежба четирипати неделно, а посетува и салони за убавина. Мајка ѝ открива и дека првпат ја однела во салон за нокти на само двегодишна возраст.
Малата Кинли била и експерт за шминкање, а мајка ѝ вели дека знае да се нашминка подобро од неа, па и од повеќето повозрасни девојки и жени.
Ејнџел споделува детали од животот на Кинли на Инстаграм и, очекувано, се соочува и со критики.
„Не сакам да го кријам моето дете само затоа што луѓето не можат да се помират со нејзиниот изглед. Некогаш има негативни коментари за нејзините стомачни, но ги бришам или само ги игнорирам.
Не жалам што споделувам фотки од нејзините стомачни, но некогаш не сакам да го слушам туѓото мислење за тоа“.
Ејнџел тврди и дека ќерка ѝ ужива во строгиот режим на исхрана.
„Кинли се храни многу здраво и ужива во тоа. Но, истовремено, сака и колачиња. Бидејќи е постојано активна, не е проблем што одвреме-навреме јаде и тоа“.
Инстаграм профилот на Кинли има над 341.000 следбеници и иако дел од нив ја поддржуваат нејзината посветеност на вежбањето, мајката е соочена со критики – многумина сметаат дека не ѝ дозволува да ужива во детството.
„Зошто едно дете да живее вака? Таа е само дете и е соочена со бројни непотребни очекувања“.
„Дали ѝ дозволуваш да биде и мало девојче?“
„Воопшто не личи на дете… Повеќе е како возрасна жена. Дозволете им на децата да бидат деца“, се дел од критиките насочени кој мајката.