„На ќерка ми ѝ отстранија дел од мозокот бидејќи имаше епилепсија – денес без проблем зборува и чита“
И покрај стравовите, родителите на девојчето сфатиле дека операцијата е најдоброто решение.
„Стануваше збор за нашето дете, а операцијата мораше да биде направена. Со сопругот бевме убедени дека што побрзо ја направиме операцијата, толку се поголеми шансите Мора да има нормален развој“, вели мајката.
Нормално, овде се поставува прашањето за каков нормален развој станува збор штом недостасува голем дел од мозокот.
„Ова е прашање што луѓето често го поставуваат. Речиси сите луѓе кои имале ваква операција, дури и како возрасни, можат да одат. Може малку да криват. Но, кога ќе се запрат епилептичните напади, личноста се развива и може да биде нормала.
Сум имал пациенти кои завршиле факултет, се венчале и имаат семејства. Неверојатно е како функционира мозокот. Не можеме да си објасниме сè“, открива еден од лекарите на Мора.
Операцијата на Мора била направена во јуни 2008-ма, кога имала девет месеци. Хирурзите ја прекинале врската помеѓу двете хемисфери и отстраниле дел од оштетеното мозочно ткиво.
Денес таа е 16-годишна девојка, а мајка ѝ вели дека по операцијата, како да се преродила.
„Беше како рестартирање. Научи да седнува 18 месеци, да оди на 23 месеци, а до шест и пол години веќе зборуваше“.
Во 2018-та, Мара повторно почнала да добива напади, па ѝ била направена уште една операција. Овојпат било отстрането преостанатото ткиво од левата хемисфера.
Но, ова не ја спречило Мара да се развива – таа е во деветто одделение, може да чита, сака да игра тенис, а учи и алгебра.
Спирова С. | Црнобело