Трансродови натпреварувачки, плус сајз модел – Како изгледаше Мис универзум 2023?
- Детали
- понеделник, 20 ноември 2023
За првпат во историјата на Мис универзум, годинава се натпреваруваше плус сајз жена, како и две трансродови жени. Истовремено, во финале првпат влегоа жени кои имаат деца. Титулата ја освои 23-годишната натпреварувачка од Никарагва.
Мис универзум е познат натпревар за убавина кој се одржува од далечната 1952-ра, но годинешното издание дефинитивно се разликуваше од сите претходни.
Титулата Мис универзум ја освои 23-годишната Шејнис Паласиос и стана првата жена од Никарагва која победила на натпреварот.
Но, повеќе внимание од нејзината победа привлекоа неколку други учеснички.
За првпат во историјата на натпреварот, годинава се натпреваруваше плус сајз жена.
Истовремно, годинава за првпат се натпреваруваа и две трансродови жени.
Натпреварувачката од Холандија – Рики Коле – е трансродова жена, како и ЛГБТ активистка.
И натпреварувачката од Холандија – Марин Машет – исто така е трансродова жена.
Натпреварувачката од Непал е првата плус сајз жена која успеала да учествува на натпреварот, додека натпреварувачките од Колумбија и Гватемала се првите мајки кои влегле во финале.
Сето ова го овозможија промени во правилата на натпреварот кои беа воведени во 2022 година.
Покрај победничката од Никарагва, во првите три беа и натпреварувачките од Тајланд и Австралија.
Победничката, пак, ја искористи победата за да зборува за нееднаквоста помеѓу мажите и жените, но и да ја подигне свеста за проблемите со менталното здравје.
Таа самата имала проблеми со анксиозност, па сега активистка која се залага за решавање на овој проблем.
Повеќе фотки од натпреварот:
Спирова С. | Црнобело