Се родила без раце, мајка ѝ ја оставила во сиропиталиште: Приказната на инспиративна девојка од САД

„Луѓето го кажуваат она што сакат да го кажат, а од вас зависи како сакате да одговорите... Се трудам да имам позитивен, смешен поглед на мојата ситуација“, објаснува Дебора, девојка со ретко нарушување поради кои нема раце, а чија мајка ја оставила во сиропиталиште бидејќи не сакала да се грижи за неа.

rodena-e-bez-race-majka-i-ja-ostavila-vo-siropitalishte-no-denes-taa-zhivee-eden-poinakov-zhivot-01.jpg

Дебора Дал е родена со ретка состојба и била напуштена од нејзината мајка. Но, и покрај трагичниот живот во нејзините рани години, Дебора не се откажала и сака да ја сподели својата приказна со светот, а притоа да ја подигне свеста за фокомелија, состојба која таа ја има од раѓање.

Всушност, болеста предизвикува рацете и нозете да не растат правилно, што често резултира со недоволно развиени екстремитети, токму како оние на Дебора.

Наместо да ѝ помогне на нејзината ќерка да живее без раце, мајката на Дебора одбивала да ја однесе дома од болница, и на крајот ја напуштила.

Во следните четири и пол години, малото девојче останало во сиропиталиште, сè додека едно семејство од САД не одлучило да ја посвои.

rodena-e-bez-race-majka-i-ja-ostavila-vo-siropitalishte-no-denes-taa-zhivee-eden-poinakov-zhivot-03.jpg

Тогаш започнал вистинскиот живот на Дебора, кога првпат почувствувала независност, со нежно охрабрување од нејзиното ново семејство.

Започнувајќи со едноставни задачи, жената која ја посвоила ја охрабрила да користи четка за коса – прва во тогашните нејзини шест години.

Како млада девојка, брзо сфатила дека може да ги користи нејзините стапала како раце, па објаснува: „Ги користам стапалата за да ги отворам вратите, да земам чаша од шкафот, да ја исправам косата“.

rodena-e-bez-race-majka-i-ja-ostavila-vo-siropitalishte-no-denes-taa-zhivee-eden-poinakov-zhivot-02.jpg

Таа нашла начини да живее со својата попреченост, но потешко ѝ било да ги избегне суровите коментари или погледите од другите деца.

Не ѝ помогнало ниту напуштањето на училиштето, а Дебора добивала груби коментари и во обичното секојдневие.

И покрај сите тие коментари и необични погледи, Дебора донела храбра одлука да направи ТикТок канал, насловен „Deborah Look No Hands“.

rodena-e-bez-race-majka-i-ja-ostavila-vo-siropitalishte-no-denes-taa-zhivee-eden-poinakov-zhivot-03.jpg

Со охрабрување од нејзиното семејство, вклучувајќи ги сопругот Нејтан и синот Метју, Дебора собрала над 400.000 следбеници, едноставно од прикажување на нејзиниот секојдневен живот.

Докажувајќи дека ништо не може да ја спречи, оваа мајка на својот канал редовно ги споделува и омилените рецепти.

@deborah.look.no.hands

Replying to @Nelly 😍🙏 i love food! #looknohands #food

♬ This Is How We Do It - Montell Jordan

Откако прочитала еден особено грд коментар, во кој ја споредуваат со Т-рекс (тираносаурус рекс), таа одлучила да се пошегува на своја сметка и да одговори со урнебесно видео.

Дебора ставила ракавици кои изгледаат како раце на Т-рекс, а видеото брзо станало вирално.

„Луѓето го кажуваат она што сакат да го кажат, а од вас зависи како сакате да одговорите… Се трудам да имам позитивен, смешен поглед на сето тоа“, објаснува таа.

rodena-e-bez-race-majka-i-ja-ostavila-vo-siropitalishte-no-denes-taa-zhivee-eden-poinakov-zhivot-04.jpg

Дебора се надева дека ќе ги застапува оние како неа со разлики во екстремитетите, велејќи: „Можеби еден ден некое дете со разлика во екстремитетите ќе 'скрола' низ ТикТок и ќе каже: ’Ох, гледај, таа личи на мене!‘“.

Повеќе од секојдневието на Дебора:

Дебора ги средува алиштата

@deborah.look.no.hands

Laundry day🤪#looknohands #choresinthishouse

♬ HOOLIGANG - Joey Valence & Brae

Дебора може и да пишува

@deborah.look.no.hands

Replying to @Actor_lovesky here is a mirrored video of how I write🥰🥰

♬ original sound - Deborah Look No Hands

Дебора се снаоѓа и во кујната...

@deborah.look.no.hands

It was way faster ! #looknohands

♬ Sunrise - Official Sound Studio

М. Ѓ | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Девојка отиде на соло меден месец, откако ѝ починал свршеникот - на 1 месец пред свадбата Лора од Канада одлучила да замине на планираниот меден месец, иако соло, за да в...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg