Бизарно: Инфлуенсерка на 11 години првпат се оперирала за да личи на Барби, досега направила 29 операции

„Бев вистинско лабораториско глувче, бидејќи процедурата за побелување на кожата е сè уште во експериментална фаза. Тие и ми беа најболни процедури. Кожата ќе ми се вцрвеше, ќе почнеше да се лупи и во тие моменти целото тело ме болеше“, вели инфлуенсерка која направила 29 операции за да личи на Барби. Бизарно, зарем не?

bizarno-influenserka-na-11-godini-prvpat-se-operirala-za-da-lichi-na-barbi-dosega-napravila-29-operacii-01.jpg

Татјана Мурило од Колумбија е Барби од реалниот живот. Но, нејзиниот изглед се должи на пластичните операции, а таа досега направила дури 29.

Оваа инфлуенсерка тврди дека првата пластична операција ја имала на само 11 години, бидејќи ја малтретирале и исмевале поради изгледот.

„Во мојот роден град, сите убави девојки ги викаа Барби. А, мене ме исмеваа затоа што не бев убава, поради изгледот, бојата на кожата.

Ме малтретираа дури и поради социјалниот статус бидејќи моите родители се фармери“, вели таа.

bizarno-influenserka-na-11-godini-prvpat-se-operirala-za-da-lichi-na-barbi-dosega-napravila-29-operacii-02_copy_copy_copy.jpg

Иако никогаш не ја сакала совршената кукла, таа решила да го смени својот изглед за да почне да личи на Барби.

Првата операција, тврди таа, ја направила уште пред да стане тинејџерка и на 11 години го оперирала носот.

bizarno-influenserka-na-11-godini-prvpat-se-operirala-za-da-lichi-na-barbi-dosega-napravila-29-operacii-05.jpg

Продолжила со бројни операции кои опфаќале липосукција, имлпанти на градите и зголемување на усните. Таа дури и направила процедура за отстранување на трепките, но и третмани за побелување на кожата.

„Бев вистинско лабораториско глувче, бидејќи процедурата за побелување на кожата е сè уште во експериментална фаза.

Тие и ми беа најболни процедури. Кожата ќе ми се вцрвеше, ќе почнеше да се лупи и во тие моменти целото тело ме болеше“, вели Татјана.

bizarno-influenserka-na-11-godini-prvpat-se-operirala-za-da-lichi-na-barbi-dosega-napravila-29-operacii-04.jpg

Таа сега е задоволна од својот изглед, но признава дека направила големи жртви за да стигне дотука.

„Ова е моја слатка одмазда кон сите оние што ми се смееја и ме малтретираа како дете. Од мала си велев дека мојата одмазда ќе биде успешна, и сега верувам дека сум била во право“.

bizarno-influenserka-na-11-godini-prvpat-se-operirala-za-da-lichi-na-barbi-dosega-napravila-29-operacii-06.jpg

Татјана има ќерка (13) и призна дека за 12-тиот роденден на девојчето му подарила ваучер за пластична операција на носот.

„Знам дека по операцијата е посреќна, бидејќи изгледа поубаво“, вели таа.

bizarno-influenserka-na-11-godini-prvpat-se-operirala-za-da-lichi-na-barbi-dosega-napravila-29-operacii-03.jpg

Ова наиде на осуда од јавноста, а луѓето велат дека ќерката на Татјана е премала за пластични операции.

„Тоа ѝ беше сон, и не знам зошто луѓето мислат дека е погрешно. Тоа е нејзин живот, а јас ќе ја поддржам“, додава инфлуенсерката.

bizarno-influenserka-na-11-godini-prvpat-se-operirala-za-da-lichi-na-barbi-dosega-napravila-29-operacii-07.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg