Во Саудиска Арабија се прави град во форма на линија, долг 170km – Зошто некои го критикуваат проектот?

Во близина на сите домови ќе ги има потребните градби и институции, како продавници, паркови и училишта.

Односно, на жителите ќе им требаат најмногу пет минути пеш за да стигнат до овие места.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-06.jpg

Изградбата на футуристичката структура веќе е започната и се очекува да биде завршена до 2030 година. Сепак, овој рок може да биде и продолжен.

Необичниот град е дел од проект познат како Neom кој има за цел да направи неколку луди градби низ Саудиска Арабија.

Целиот проект, вклучувајќи го и градот, чини 500 милијарди долари.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-07.jpg

Иако градот несомнено изгледа надреално, како од научнофантастичен филм, самиот дизајн наиде и на критики.

Од една страна, скоро сите сметаат дека е одлично што градот нема да предизвикува никакво загадување – нешто што веќе е повеќе од неопходно.

Исто така, како добра карактеристика се смета тоа што во градот ќе можат да живеат многу луѓе, без разлика што зафаќа мала површина.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-08.jpg

На пример, во Јоханесбург живеат околу 5,6 милиони луѓе. За градот во Саудиска Арабија се предвидуваат околу девет милиони жители, но тој зафаќа само 2% од површината на Јоханесбург.

Но, многумина се прашуваат дали воопшто ќе може да се создадат соодветни услови за живот во градот и дали ја имаме потребната технологија за тоа.

Исто така, се дебатира и за тоа дали формата на градот е ефикасна – повеќето градови генерално имаат форма која наликува на круг бидејќи е најпрактична.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-10.jpg

Друг проблем е движењето низ градот. Додека на жителите сè што им е потребно ќе им биде во близина, може да биде проблематично да стигнат на друго, подалечно место.

Во градот ќе има железничка, но со премногу постојки, што значи патувањето од едно до друго, подалечно место во градот, ќе трае многу долго.

Жителите ќе немаат опција да отидат со автомобил или да тргнат пеш.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-11.jpg

Друг проблем се и самиот број на жители – доколку почне да се пренаселува, сигурно ќе настанат бројни проблеми бидејќи градот ќе нема опција да се прошири.

Проблем можат да бидат и несреќите како пожари и слично кои можат да го парализираат целиот град поради неговиот облик.

vo-saudiska-arabija-se-pravi-grad-vo-forma-na-linija-dolg-170-km-zoshto-nekoi-go-kritikuvaat-proektot-13.jpg

Иако експертите дебатираат за ефикасноста и изводливоста на овој проект, градот дефинитивно е фасцинантни амбициозен проект.

И, секако, сето ова се само претпоставки, па останува да видиме колку ќе биде практичен откако ќе заврши изградбата.

Што мислите вие?

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
„Трапавиот Чарлс“ – Избегнал смртоносна лавина, сам ќе си го откинел прстот со чекан Скршил рамо додека ловел лисици, не знае ни сам колкупати паднал од коњ, а за ма...
Инспиративната приказна на Виторија Буено (16), балерината родена без раце „Кога беше мала, луѓе доаѓаа пред нашата куќа и зјапаа во Виторија. Имаше и такв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg