Грозоморното убиство на Инстаграм инфлуенсерка - ладнокрвно ја убил пријател, па споделил фотки од телото
- Детали
- недела, 12 ноември 2023
Во 2019 година, 21-годишниот Брендан од Њујорк ја убил неговата пријателка Бјанка (17) наводно бидејќи не сакала да му биде девојка. На социјалните мрежи споделил фотографии од нејзиното мртво тело, пред (безуспешно) да проба да изврши самоубиство.
Убиството на 17-годишната Бјанка Мишел Девинс го потресе светот во 2019-та.
Младата девојка беше ладнокрвно убиена од нејзин пријател – Брендон Кларк – кој потоа сподели и фотографии од нејзиното мртво тело онлајн.
Во 2021-ва тој доби 25-годишна до доживотна казна затвор.
Што го навело да ја убие Бјанка и зошто споделувал морбидни фотографии онлајн?
Пред смртта, Бјанка била ѕвезда на Инстаграм со над 140.000 следбеници. Нејзиниот фокус биле видеоигрите.
Живеела со мајка ѝ и помладата сестра во Њујорк.
Бјанка сакала да студира психологија, најмногу поради своето искуство со проблеми со менталното здравје.
Таа имала проблеми со депресија, анксиозност и посттрауматско стресно нарушување, а неколкупати примала и терапија за овие проблеми.
Инстаграм профилот ѝ бил начин да се поврзе со други луѓе како неа.
Но, како и многу млади девојки на социјалната мрежа, барем две години пред смртта се сочувала со онлајн малтретирање од мажи.
Детството на Брендон Кларк, пак, било мошне трауматично.
Наводно, еднаш сведочел како татко му ѝ се заканувал со нож на мајка му, а оваа сцена траела неколку часа.
Брендон ја заследил Бјанка на Инстаграм во април 2019-та, каде што почнале да комуницираат.
Според детективите кои работеле на случајот, подоцна имале и интимна врска.
Сепак, пријателите и семејството на Бјанка тврдат дека ова не е точно.
Наводно, Бјанка ѝ кажала на мајка си дека не сакала ништо романтично со него, но тој инсистирал.
Пријателка на Бјанка, пак, се плашела дека Брендон ја имал силувано, или барем се обидел, кога двајцата биле под дејство на дрога.
Некои извори тврдат дека Брендон ѝ станал вид дилер на Бјанка, само за да има причина да се дружи со неа.
На 14-ти јули 2019 година, Брендон и Бјанка отишле на концерт во Квинс. Бјанка се договорила да се сретне со уште еден пријател на настанот – Алекс.
Наводно, истата вечер Брендон ги видел Бјанка и Алекс како се бакнуваат и ова го разгневило.