Грозоморното убиство на Инстаграм инфлуенсерка - ладнокрвно ја убил пријател, па споделил фотки од телото
Доцна навечер, Брендон се враќал од концертот со неговиот автомобил, а со него била и Бјанка.
Се претпоставува дека на патот кон дома почнале да се расправаат за бакнежот на Бјанка и Алекс, по што девојката заспала.
Брендон го искористил овој момент и ја нападнал со нож и ѝ го пресекол грлото.
Притоа, фотографирал со неговиот телефон, а фотографиите ги објавил на Discord – вид социјална мрежа.
Бјанка починала речиси веднаш, а корисниците на Discord почнале да ги забележуваат грозоморните фотографии.
По убиството, Брендон им се јавил на неколку членови од семејството и звучел како да се збогува од нив. Дури и им рекол да повикаат полиција.
До седум часот наутро, корисниците на социјалната мрежа почнале да ги пријавуваат фотографиите во полиција.
И самиот Брендон се јавил во полиција и наводно си го кажал името, кажал дека ја убил Бјанка и изјавил дека ќе се самоубие.
Како што пристигнала полицијата на местото каде што бил автомобилот, Брендон се прободел со ножот во вратот.
Веднаш бил однесен во болница каде што му го спасиле животот, а следниот ден бил обвинет за убиството на Бјанка.
На судењето, Брендон прво тврдел дека е невин. Сепак, на сослушување во февруари 2020-та, ја признал вината.
Пресудата беше донесена во март 2021 година – Брендон доби 25-годишна до доживотна казна затвор.
Во изјавата по пресудата, наводно покажал каење изјавувајќи дека не може да го смени она што го направил, колку и да сака.
Им се извинил и на сите што ја сакале Бјанка, но и на луѓето кои ги виделе ужасните фотографии на Discord.
Фотографиите почнале да се споделуваат и на Инстаграм и Фејсбук кои се соочија со многу критики бидејќи не го запреле нивното ширење веднаш.
Наводно, фотографиите биле достапни на некои профили неколку месеци по убиството.
Сестрата на Бјанка, пак, вели дека некои луѓе ѝ ги праќале фотографиите и две години по убиството.
Во 2022 година, државата Њујорк воведе нов закон поради убиството на Бјанка.
Според овој закон, секој кој ќе сподели лични фотографии со цел да деградира или малтретира некој, може да биде кривично гонет.
Спирова С. | Црнобело