„Го истетовирав името на дечко ми на челото за да му покажам колку го сакам – сите ми велат дека ќе се каам“

Што сѐ сте подготвени да направите за да му покажете на дечкото дека го сакате? Ана Стансковски од Полска одлучила да го истетовира името на дечкото на чело, но не очекувала дека ќе добие толку негативни коментари.

go-istetovirav-imeto-na-dechko-mi-na-cheloto-za-da-mu-pokazham-kolku-go-sakam-site-mi-velat-deka-kje-se-kaam-01.jpg

Ана Стансковски во моментов живее на Бали, а е со потекло од Полска. Таа стана хит откако на социјалните мрежи сподели видео на кое се гледа како го истетовирала името на својот дечко на челото за да му покаже колку го сака.

go-istetovirav-imeto-na-dechko-mi-na-cheloto-za-da-mu-pokazham-kolku-go-sakam-site-mi-velat-deka-kje-se-kaam-05.jpg

На видеото се гледа како Ана оди во студио за тетоважи, каде артистот ѝ го тетовира името на нејзиниот дечко, Кевин, на челото со големи букви.

go-istetovirav-imeto-na-dechko-mi-na-cheloto-za-da-mu-pokazham-kolku-go-sakam-site-mi-velat-deka-kje-se-kaam-04.jpg

Во видеото Ана вели дека тетовирањето на името на нејзиниот дечко било мошне болно.

„Готово е? Ми се допаѓа. Леле, на Кевин многу ќе му се допадне“ – вели девојката на крајот од видеото.

Но, Ана се соочи со голем број критики и негативни коментари до нејзиното видео. Многумина ја обвинуваат дека лаже дека тетоважата е трајна, а други, пак ја прашуваат што ќе прави ако еден ден раскине со Кевин.

„Не, сигурно се шегуваш...“;

„И ако ти раскине, што ќе правиш?“;

„Леле колку ќе зажалиш за ова еден ден!“;

„За среќа добро ќе ти стојат шишки“;

„Сите што веруваат дека ова е вистинска тетоважа, сигурно никогаш не направиле тетоважа“.

Инаку Ана има над 500.000 следбеници на ТикТок, а редовно објавува забавни и смешни видеа.

Затоа воопшто не зачудува фактот што многумина мислеа дека таа само се шегува.

go-istetovirav-imeto-na-dechko-mi-na-cheloto-za-da-mu-pokazham-kolku-go-sakam-site-mi-velat-deka-kje-se-kaam-02.jpg

Што мислите вие? Вистинска ли е тетоважата или не и дали сметате дека ова е добар начин да се искаже љубов?

Погледнете го видеото на Ана:

@anastanskovsky

My new face tattoo ❤️

♬ original sound - Ana Stanskovsky

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко од Велика Британија ја запроси саканата со напис на овен (фото) „Па, ова не е баш тоа што го очекуваш кога ќе тргнеш да бараш овца на рид, но......
„Дечко ми ме замоли да престанам да работам, бев девојка - домаќинка, па ме остави“ Девојка од Калифорнија на Инстаграм презентираше дека води идиличен живот на дом...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Што трпат децата заради нереализираните мајки?“ - Девојче во солзи вежба ритмичка гимнастика „Моето храбро девојче“ – напиша гордата мајка до видеото на кое што се гледа как...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg