„Си направив забава за да го прославам разводот - Бев во брак 3 години, секси сум, ќе си најдам нов сопруг“
- Детали
- среда, 08 ноември 2023
„Забавата за разводот беше најсовршената вечер што можев да ја замислам. Не се венчав во бел фустан, па носев бело сега. Фрлав и бидермаер, за следната пријателка што ќе се разведе. Но, млада сум, секси, верувам во љубов и знам дека ќе се омажам пак“, вели Илма Амин од Велика Британија.
Британката Илма Амин (28) си направи гламурозна забава со која го прослави разводот, кој се случил по 3 години брак.
Илма, која работи како бизнис аналитичар, вели дека ужива во слободата, но и дека кога ќе им каже на луѓето дека е разведена, тие најчесто се чудат и не ѝ веруваат, па ѝ велат дека е „премногу млада и секси“ за да биде разведена.
На забавата, Илма имаше торта инспирирана од Тејлор Свифт, на која беа испишани зборовите „легално сингл“, заедно со балони на кои е испишана пораката „сингл и пресреќна“.
Таа имала и старосватици кои ги нарекла „разводосватици“ за нивниот назив да се вклопи во целата тема на забавата.
„Тоа беше најсовршената вечер, таква каква што можев само да посакам. Не се венчав во бел фустан, па забавата за разводот ми изгледаше и како моминска забава и како свадба во едно.
Имав и бидермаер и го фрлав, а девојката што го фати треба да биде следната личност што ќе се разведе. Држевме говори, имав и кум.
Си ставив и прстен со прашалник, зашто сакав да кажам дека и понатаму верувам во љубовта и во бракот. Знам дека ќе се омажам пак“, вели таа.
Бракот на Илма се распаднал брзо по крајот на короната, па откако ги поминала најтешките моменти со пријателките и откако и легално се развела, таа решила да направи забава и да стави крај на таа приказна.
Таа вели дека иако е разведена не многу одамна, сепак веќе бара нов партнер.
„Преживеав трауматичен момент, но не треба да се срамам од тоа. Млада сум, секси, а на мажите им е интересно кога ќе слушнат дека сум разведена.
Но, не брзам и сакам да влезам полека во следната врска. И знам дека еден ден ќе најдам некој со кого ќе се омажам“, вели Илма.
А. Ј. | Црнобело