Волшебни фотки: Поларната светлина беше видлива и во Босна и Хрватска
- Детали
- понеделник, 06 ноември 2023
Поради зголемената активност на Сонцето, поларната светлина, односно аурора бореалис, која обично е видлива во близина на Северниот Пол, викендов беше забележана во појужните делови на Европа, вклучувајќи ги Босна и Хрватска.
Како што кажува името, поларната светлина главно се појавува во поларните региони.
Оваа магична глетка настанува поради соларните бури.
Наелектризираните честички од Сонцето се „судираат“ со гасовите во горните слоеви на земјината атмосфера, а резултатот светлина која од Земјата изгледа како да „танцува“ по небото.
Поларната светлина е видлива во близина на половите поради магнетното поле на Земјата.
Но, ако има посилна соларна бура, поларната светлина околу половите е поизразена, а може да почне да се гледа и подалеку.
https://twitter.com/ThisIsSlovakia_/status/1721227746183897533
Токму ова се случи викендов кога поларната светлина беше видлива и во појужните делови на Европа.
Светлината беше забележана во Англија и во други европски држави, вклучувајќи ги Словенија, Босна и Хрватска.
https://twitter.com/Verumest1005/status/1721381022455992658
Според експертите, овие неколку месеци можеме да очекуваме уште вакви спектакуларни глетки бидејќи кај Сонцето е забележана зголемена активност.
Наводно, астрономите забележале дека неговата активност е драстично зголемена за споредба од пред една година. Оваа зголемена активност е дел од 11-годишен циклус чиј пик се очекува следната година или во 2025-та.
https://twitter.com/ThisIsSlovakia_/status/1721264885936407013
Поради ова, во наредните неколку месеци, во северната хемисфера поларната светлина ќе биде посилна отколку последната деценија.
Според фотките споделени на социјалните мрежи, во поблиските европски земји доминирале црвената и розовата нијанса.
Фотки и видеа од волшебниот настан споделени на Твитер:
https://twitter.com/visegrad24/status/1721338937912840196
https://twitter.com/ST0NEHENGE/status/1721072796086784323
https://twitter.com/ThisIsSlovakia_/status/1721477621676970382