Калуѓерки отворено зборуваат за изолираниот живот во манастир: „Некогаш сонуваме за машка прегратка, правиме голема жртва“
На 28-годишна возраст, Доротеа дошла во манастирот, а вели дека најтешко ѝ било да го остави семејството зад себе.
Сепак, таа истакнува дека и калуѓерките се само луѓе кои некогаш имаат потреби како и секоја личност.
„Секако дека некогаш ги посакувам работите што ги оставив. Ние се откажуваме од можноста да создадеме семејство, да имаме сопруг. Можеме да копнееме по тие работи, ние сепак сме жени и имаме многу женски инстинкти и потреби.
Но, ако се знаеме себеси и знаеме зошто сме се откажале од ова, тогаш е полесно“.
Сестра Кушла е уште една калуѓерка во манастирот која вели дека во тинејџерските години сонувала да се венча и да има огромно семејство.
Но, вели дека сфатила дека она што го очекувала од идниот сопруг, можела да го добие на подуховен начин од Бог, преку молитва.
Кушла дознала за манастирот и калуѓерките додека правела училиштен проект за нив.
„Нешто во врска со нив ме привлече. Но, истовремено, нешто околу целата идеја ми беше одбивно. Со години ги гледав нивните летоци и развив и љубов и омраза“.
Трите калуѓерки зборуваат и за тоа како изгледа нивното секојдневие.
Тие се молат седумпати дневно, почнувајќи од шест часот наутро.
Сами ја приготвуваат храната и не јадат месо бидејќи првите калуѓерки од манастирот се откажале од месото за да бидат „посиромашни“.
Во текот на денот минуваат два часа во тивко молење, а имаат и два часа други активности, како бадминтон и дружење.
Калуѓерките истакнуваат дека заедничките мигови се особено важни бидејќи им даваат сила да им се вратат на молитвите.
Калуѓерките имаат и навистина натрупан распоред.
Според Кушла, нивниот живот може да биде исцрпувачки, дури и за викенд, бидејќи им се чини дека го чистат целиот манастир.
Кога станува збор за семејството, калуѓерките имаат дозвола за една посета месечно.
Сепак, не можат да се прегрнуваат во членовите на семејството и кога се гледаат, помеѓу нив има преграда.
На прашањето дали некогаш ќе си замине од манастирот, калуѓерката Кетрин вели дека постои и таа можност.
„Овде се откажуваш од можноста за кариера, од можноста за живот со врска со маж и сите радости и задоволства кои доаѓаат со тоа.
Некогаш е тешко. Некогаш имам желба да бидам во рацете на маж… Некогаш само се прашувам ’Зошто јас, зошто Бог ме повика мене?‘“.
Од друга страна, калуѓерката Доротеа вели дека не би се откажала од калуѓерскиот живот бидејќи верува во рајот.
„Ако рајот не постои, тогаш сме направиле огромна жртва. Всушност, некогаш им имам кажувано на луѓето дека ако нема рај, за две минути ќе ја прескокнам оградата од манастирот. Ќе си заминам одовде“.
Спирова С. | Црнобело