Калуѓерки отворено зборуваат за изолираниот живот во манастир: „Некогаш сонуваме за машка прегратка, правиме голема жртва“

Три калуѓерки од манастирот Carmelite во Нов Зеланд отворено зборуваат за нивниот калуѓерски живот. Тие се откажале од можноста да имаат сопруг и деца и да градат кариера, a членовите на семејството ги гледаат еднаш месечно, но не смеат да ги допрат или прегрнат. И покрај сите жртви, трите жени велат дека ниту еднаш не се покајале за одлуката да станат калуѓерки.

kalugjerki-otvoreno-zboruvaat-za-izoliraniot-zhivot-vo-manastir-nekogash-sonuvame-za-mashka-pregratka-pravime-golema-zhrtva-01.jpg

Животот на калуѓерките несомнено е фасцинантен. Сакајќи да ја докажат нивната вера, овие жени се откажуваат од многу задоволства во животот и одлучуваат да живеат во манастири каде што целосно се посветуваат на религијата.

Во Нов Зеланд се наоѓа манастирот Carmelite каде што живеат калуѓерки кои можеби најстрого ја следат нивната вера.

Тие не поседуваат ништо свое, се откажуваат од јадењето месо, а истовремено живеат и оддалечени од нивните најблиски.

kalugjerki-otvoreno-zboruvaat-za-izoliraniot-zhivot-vo-manastir-nekogash-sonuvame-za-mashka-pregratka-pravime-golema-zhrtva-05.jpg

Во краток документарец, три калуѓерки од манастирот отворено зборуваат за нивниот живот – како се одлучиле да станат калуѓерки, од што морале да се откажат, но и дали понекогаш фантазираат за задоволствата што ги оставиле зад нив.

Една од нив е сестра Кетрин која вели дека во младоста никогаш не ни помислувала дека ќе стане калуѓерка.

Но, пред девет години, кога имала 18, вели дека добила „мистериозен повик да го посвети животот на молитва“, па решила да го напушти семејството и да се пресели во манастирот.

kalugjerki-otvoreno-zboruvaat-za-izoliraniot-zhivot-vo-manastir-nekogash-sonuvame-za-mashka-pregratka-pravime-golema-zhrtva-02.jpg

Кога пристигнала во манастирот, Кетрин вели дека била возбудена, но и нервозна бидејќи не знаела во што се впушта.

Можеби најголемо изненадување ѝ било кога ѝ кажале дека ќе ѝ ја потстрижат косата.

„Ме пречекаа со отворени раце. Кога зад мене се затвори врата, се чувствував како да сум на друга планета.

Кога влегов во една соба за да ме облечат, имаше два пара ножици. Тогаш сфатив дека ќе ми ја потстрижат косата, што малку ме изненадни“.

kalugjerki-otvoreno-zboruvaat-za-izoliraniot-zhivot-vo-manastir-nekogash-sonuvame-za-mashka-pregratka-pravime-golema-zhrtva-03.jpg

Сепак, Кетрин истакнува дека потстрижувањето на косата го симболизира фактот што таа остава сè од животот пред манастирот зад неа.

Слична е приказната и на сестра Доротеа, која исто така вели дека во доцните тинејџерски години почувствувала повик да го посвети животот на молитва.

Интересно е што пред да дојде во манастирот, Доротеа не верувала во Бог и водела по малку бурен живот.

Дури вели и дека не можела да ги поднесува христијаните.

kalugjerki-otvoreno-zboruvaat-za-izoliraniot-zhivot-vo-manastir-nekogash-sonuvame-za-mashka-pregratka-pravime-golema-zhrtva-04.jpg

Кога наполнила 19 години ѝ се случило нешто што ја натерало да си го промени мислењето.

„Бев на огромен концерт на Black Sabbath… Почнав да си го гледам целиот живот пред очи. Знаев дека во тој живот има нешто што не е потполно вистинито. Нема ништо вистинито во врски кои не се чисти.

Повеќе не сакав да го живеам тој живот. Па, тогаш почнав да се молам за другите, за и тие да бидат ослободени од работите што ме заслепуваа и поради кои живеев живот кој не беше среќен“.

kalugjerki-otvoreno-zboruvaat-za-izoliraniot-zhivot-vo-manastir-nekogash-sonuvame-za-mashka-pregratka-pravime-golema-zhrtva-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg