Австралијка трипати се обидела да го отруе сопругот - Од вечерата со отровни печурки настрадале свекорот и свекрвата

Наводно ова не било првпат Австралијката да го труе поранешниот сопруг, таа претходно трипати се обидела да го убие, а на кобниот ручек од јули годинава, биле поканети сите членови од неговото потесно семејство. Свекорот и свекрвата не го преживеале ручекот со телешко и отровни печурки што снаата го подготвила.

im-podgotvila-ruchek-so-otrovni-pechurki-na-svekorot-i-svekrvata-zhena-od-avstralija-zavrshi-vo-zatvor-za-namerno-truenje-01.jpg

Во светските медиуми масовно се прошири веста за Австралијката Ерин Патерсон (49) која во јули годинава подготвила ручек со телешко месо и печурки, за нејзиниот поранешен сопруг Семјуел Петерсон, неговите мајка и татко и тетка му и тетин му.

im-podgotvila-ruchek-so-otrovni-pechurki-na-svekorot-i-svekrvata-zhena-od-avstralija-zavrshi-vo-zatvor-za-namerno-truenje-10.jpg

Според токсиколошките наоди, кај нејзините поранешни свекор и свекрва Дон и Гејл Петерсон биле најдени остатоци од отровни печурки.

im-podgotvila-ruchek-so-otrovni-pechurki-na-svekorot-i-svekrvata-zhena-od-avstralija-zavrshi-vo-zatvor-za-namerno-truenje-03.jpgДон и Гејл Петерсон

Се претпоставува дека Ерин јадењето го подготвила намерно за нив со цел да ги усмрти поранешниот сопруг и членовите на неговото потесно семејство.

Ерин деновиве беше уапсена од страна на австралиската полиција, откако во јули годинава, нејзините поранешни свекор и свекрва Дон и Гејл починале од ручекот што го јаделе кај неа, а додека Хедер Вилкинсон (сестрата на Гејл) и на нејзиниот сопруг Ијан преживеале, откако поминале неколку месеци во болница.

im-podgotvila-ruchek-so-otrovni-pechurki-na-svekorot-i-svekrvata-zhena-od-avstralija-zavrshi-vo-zatvor-za-namerno-truenje-06.jpgХедер и Ијан Вилкинсон

Наводно, нејзиниот поранешен сопруг успеал да се извлече само затоа што тој ден имал премногу обврски и не успеал да стигне, но негови блиски пријатели тврдат дека Ерин неколкупати претходно се обидела да го убие.

im-podgotvila-ruchek-so-otrovni-pechurki-na-svekorot-i-svekrvata-zhena-od-avstralija-zavrshi-vo-zatvor-za-namerno-truenje-05.jpgЕрин и нејзиниот сопруг Семјуел

Во 2022-ра година на нејзиниот поранешен сопруг му се слошило и завршил во болница, а се претпоставува дека тогаш вдишал смртоносен отров.

„Колабирав кога се вратив дома, па потоа ме ставија во вештачка кома 16 дена, по што имав 3 итни операции, на тенкото црево.

Моето семејство двапати го повикаа да дојде и да се збогува со мене затоа што никој не очекуваше да преживеам“ – рече Сајмон во изјава за медиумите.

im-podgotvila-ruchek-so-otrovni-pechurki-na-svekorot-i-svekrvata-zhena-od-avstralija-zavrshi-vo-zatvor-za-namerno-truenje-08.jpg

Негови пријатели, пак, за австралиските медиуми тврдат дека многу често се случувало Сајмон да се разболи и да заврши во болница по средбите со Ерин.

Претходно Daily Meil објави нејзин коментар на Фејсбук, што ги згрози сите што ја видоа, а во која таа не го крие презирот кон сопругот:

„Последниве 18 месеци, на секои две недели доаѓа хигиеничарка. Мојот сопруг не знае дека ни доаѓа хигиеничарка. Ми се допаѓа.

Сега не го презирам толку многу фактот што никогаш не ми помага по дома затоа што и јас не ги вршам крупните работи.

Хигиеничарката ги чисти тоалетите и тоалетните школки, го брише подот и собира со правосмукалка, ја менува постелнината и ја трансформира куќата. Сега само го презирам за садовите што се собираат секоја ноќ“ – напиша таа.

im-podgotvila-ruchek-so-otrovni-pechurki-na-svekorot-i-svekrvata-zhena-od-avstralija-zavrshi-vo-zatvor-za-namerno-truenje-11.jpg

Ерин при аспењето рекла дека не знаела оти печурките во ручекот се отровни, па дури и самата имала влошена здравствена состојба откако јадела и била примена во болница.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg