Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во слободата“
- Детали
- четврток, 02 ноември 2023
„Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под притисокот да станеме родители. Патувањата си ги организираме спонтано и правиме што сакаме. Знаеме дека сето тоа ќе се смени кога ќе дојдат децата“ вели Хилари, која е во брак од 2017, но со сопругот сакаат прво да го прошетаат светот, а потоа да имаат деца.
Хилари Боулс (31) и нејзиниот сопруг Логан (30) од Северна Каролина, САД, го живеат својот сон. Тие се веќе шест години во брак, сè уште немаат деца и барем еднаш месечно одат на интересни патувања низ светот.
Иако велат дека уживаат во бракот без деца, нивните роднини, пријатели, но и луѓе што не ги познаваат, често ги критикуваат затоа што по толку долго време во брак, тие и понатаму не сакаат да станат родители.
Но, Хилари и Џошуа велат дека брачниот живот без деца има свои предности, па тие сè уште можат да си дозволат да одат на патувања кога сакаат, каде сакаат, да излегуваат на љубовни состаноци и да уживаат во животот без дополнителни „оптоварувања“.
Тие веруваат дека ќе бидат подобри родители во иднина, токму затоа што во младоста си дозволиле да искусат сè, да се прошетаат, да се забавуваат, да се дружат со познати и непознати луѓе.
А потоа, ќе се посветат на децата и на тоа што го носи животот како родител.
„Млади сме, немаме обврски, дополнителни грижи. Двајцата заработуваме, можеме да си дозволиме што сакаме сега за да не зажалиме за нешто во иднина“.
Хилари и Логан се запознале на факултет, а се венчале во јули 2017.
Иако сите во нивната околина им создавале притисок дека треба да станат родители веднаш, тие сепак решиле да не брзаат и да уживаат во својот безгрижен животен стил.
„Знаеме дека сакаме да имаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во нашиот заеднички живот. И не попуштаме под притисокот да имаме деца.
Од моментот кога се венчавме, секој ден нè прашуваа „Кога ќе имате деца?“.
Имам пријатели кои се бореле со неплодност, па ова прашање не ми се допаѓа“ вели Хилари.
Тие отсекогаш сакале да патуваат заедно и имаат листа на дестинации што сакаат да ги посетат пред да станат родители.
Веќе посетиле 20 дестинации од листата земји, меѓу кои и сафари патување во Јужноафриканската Република, во Костарика или брегот Амалфи во Италија.
„Патувањата ги организираме многу спонтано. Обично одиме еднаш месечно. Нашите работни места ни дозволуваат да бидеме флексибилни и имаме многу слободно време.
Правиме што сакаме. Знаеме дека сето тоа ќе се смени кога ќе дојдат децата“, додава Хилари.
Таа вели дека токму поради фактот што се запознале многу млади, морале да најдат начин да „пораснат“ заедно.
„Имаме повеќе време еден за друг, се фокусираме еден на друг. Спонатани сме и тоа ни одговара. Знам дека и на ова ќе му дојде крајот.
Но бракот ни е приоритет, а ние веќе ги изградивме темелите. Кога ќе се родат децата, знам дека Логан ќе биде најдобриот татко“, рекла Хилари.